Проф. Д-р. Симов: За силна економија, образованието е клучно – треба да создаде кадри со знаења

0
374

„За да ја засилиме нашата економија, потребен ни е поголем економски раст. За да се приближиме кон развиените земји, потребно е да го удвоиме нашиот бруто-домашен производ за 10 години, а за да го постигнеме тоа, потребен ни е раст од најмалку 7% годишно. Потоа, потребно е одреден временски период да го задржиме високото ниво на раст за да бидеме рамноправни членови во друштвото на најразвиените земји. За да можеме тоа да го постигнеме, клучно е постоењето висококвалитетна работна сила која ја гради образованието. Образованието треба да создаде кадри со знаења, аналитички способности, одговорност, изградени процедури за прифаќање нови знаења и други позитивни карактеристики кои ќе овозможат иновации и просперитет во компаниите. Ако не создава такви кадри образованието кај нас, тоа ќе биде оставено на компаниите. Тие ќе треба да ги дообразуваат во поголема мерка вработените, а компаниите не се специјализирани за образование, тие имаат друга дејност. Колку е послабо формалното образование, толку повеќе работа во едуцирање на своите кадри им се остава на компаниите. Поради тоа, нивните перформанси и продуктивност нема да бидат компетитивни споредено со компании кои доаѓаат од средини со подобро образование. Не дека компаниите не треба да вложуваат во развој и во едукација на своите вработени, но формалното образование треба да ги донесе и средношколците и академските граѓани до далеку повисоко ниво од тоа што е денес“, вели универзитетскиот професор и потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, проф. д-р Орце Симов, во интервју за Магазинот за туризам и менаџмент.

Повеќе на линкот: https://magazinturizam.mk/analiza/za-silna-ekonomija-obrazovanieto-e-klucno-treba-da-sozdade-kadri-so-znaena?fbclid=IwY2xjawFHueBleHRuA2FlbQIxMQABHRI4wTRbOGAgfgUCPIuNwvhzYrmrOpC-2VukkKv-qyAuOTqDr0EobRV17A_aem_b88LgxiQxA7b167lzZ2YLg