Лидерство во сината економија и нови дигитални партнерства во Адриатик регионот

0
252

Сојузот на стопански комори на Македонија продолжува со интензивни активности за регионално поврзување и промоција на иновативни економски модели.

  • Успешен настап на Core Days – На овогодинешниот #CoreDays во организација на НАЛЕД, Србија, Проект менаџерот на Growth4Blue, и Претседател на УО на ССКМ – Драган Пехчевски, имаше забележителен настап-панел говорник со  исклучителен придонес во дискусијата, претставувајќи ја детално моменталната состојба на секторот „Сина економија“во нашата држава.

Особен акцент беше ставен на важноста од меѓусекторско поврзување со другите индустрии, како клучен чекор во процесот на „Праведна транзиција“ (Just Transition) кон поодржлива и подобра економска иднина.

Стратешко поврзување во Белград Паралелно, преставниците на ССКМ Драган Пехчевски – Претседател на УО на ССКМ и Весна Кузмановиќ – Проектен Менаџер за проектот ИННОФЕИТ ЕДИХод ССКМ, остварија значајна посета на проектниот тим на НАЛЕД (Партнер во проектот ЕДИХ,Србија) во просториите на Е-Управа,Србија. Во рамките на активностите на проектот.

  • INNOFEIT EDIH,
  • реализираа средба со колегите од Србија, каде се разменија искуства и што е најважно – се дефинираа конкретни заеднички активности и концепти за наредниот период. Ова партнерство отвора нови можности за дигитална трансформација и иновации, како и поставување на living labs, практични студиски посети и конзорциумско аплицирање на ЕУ проекти, од бенефит на членките на ССКМ.

ССКМ останува посветена на креирање силни партнерства кои носат додадена вредност за бизнис заедницата.

#SSKM #CoreDays #Growth4Blue #BlueEconomy #JustTransition #INNOFEIT #EDIH #Innovation #RegionalCooperation #Belgrade #Skopje